понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ГАЛЕРИИ

(Галерија) Ана Стојанова – Најзгодниот фитнес тренер во Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 24, 2019
📁 ГАЛЕРИИ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

“Јас сум Ана Стојанова. Твојот личен тренер кој ќе биде со тебе додека не ја постигнеш твојата цел.

Имав само 16 години кога прв пат решив да започнам да вежбам. Физичкиот изглед за мене претставуваше еден битен дел од комплетната слика на еден човек. Покажува колку некој се грижи за себе и своето здравје, а воедно го покажува и цврстиот карактер. Сеуште го делам тоа мислење. Започнав со аеробик. Тоа беше период кога се случуваа видливи промени на мене, а со тоа и го засакав своето тело.

Се развивав, ја менував формата, се чувствував убаво и самоуверено. Колку бев поредовна со тренинзи, толку повеќе имаше и резултати. Најбитната лекција од овој период беше тоа што научив што е добро за мене и како ми фунционира телото. На 18 години сакав да направам промена, ми здосади рутината па се запишав на фитнес.

Тука девојки, започна се. Го знаете чувството кога ќе се судриш со нешто за прв пат и сфаќаш дека е вистинското за тебе?! Тоа бев јас кога прв пат отидов на фитнес. Немав појма ни што вежбам ни колку е правилно, само ми зуеше нешто во глава и ми велеше “ајде уште” и тоа и се случи. Уште. Вежбав без план, вежбав секој ден, истражував, измислував вежби, знаев дека ме исполнува, но ни крај памет не знаев дека тоа ќе го работам.

Уште поинтересна работа за мене е тоа што имам вроден проблем со коленото, па тежински тренинзи ми се забранети засекогаш. Секој успешен тренинг е победа за мене. Да не беше мојата пасија кон фитнесот и храброста да ризикувам немаше денес да го пишувам овој текст и да успеам да помогнам на многу од вас до сега.

Врз база на моето искуство и напорна работа, успеав да создадам два вида на програми за слабеење/ дефиниција и мускулна маса, кои се балансирани, едноставни и интересни. Направени за да се вклопат во секојдневниот живот на ова модерно време за една зафатена мајка, девојка и бизнис жена.

Програмите содржат план за исхрана и вежби сликовито објаснети.

Ова е повеќе од програма за исхрана и вежби, тоа го можат сите. Овде Јас, Ти и сите девојки кои сме вклучени, сме една голема фамилија која секојдневно се бодри и мотивира, а девојките како Нас се борат за она што го сакаат и не се откажуваат! Ајде да се шириме, приклучи се и направи не посилни!” стои во краткиот опис за Ана Стојанова на нејзиниот сајт www.anastojanova.com

ShareTweet
Претходна вест

Пешевски изигра добра партија во победата на Мотор

Следна вест

(Видео) „Модерна љубов“ нов спот и песна на Суперхикс

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Вевчански Карневал 2026 (Фотогалерија)
ГАЛЕРИИ

Вевчански Карневал 2026 (Фотогалерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Јан/2026
Струга доби нова прекрасно уредена плажа “Niki Beach 2025” (Галерија)
ГАЛЕРИИ

Струга доби нова прекрасно уредена плажа “Niki Beach 2025” (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Јул/2025
Македонија и Естонија низ објективот на стружанецот Дарко Матоски – Пенка (Галерија)
ГАЛЕРИИ

Македонија и Естонија низ објективот на стружанецот Дарко Матоски – Пенка (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Ное/2024
Најзгодната навивачка на Полска е присутна и на ЕУРО 2024 (Галерија)
ГАЛЕРИИ

Најзгодната навивачка на Полска е присутна и на ЕУРО 2024 (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Јун/2024
Следна вест

(Видео) „Модерна љубов“ нов спот и песна на Суперхикс

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.