Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) донеса одлука и распиша конкурс за наследник на селекторската функција на местото на разрешениот Раул Гонзалес. Во делот на барањата кои треба да се исполнат РФМ ги наведе во шест најважни точки и тоа: Спортски резултати, висок степен на стручна спрема, да поседува лиценца за минимум 3 категорија или Мастер ЕХФ лиценца, план и програма за четири години со млади селекции и познавање на еден од светските јазици.




