„Воздишка“ е новиот видео спот на Викторија Лоба кој се промовираше вчера премиерно на нејзиниот Youtube канал. Видеото е снимено на познатата вулканска плажа White Beach на еден од најубавите грчки острови, Санторини.
Автор и музички продуцент на песната е Маргарита Сотировска, попозната во нашата земја како Марга Сол, додека Викторија Лоба се јавува во улогата на текстописец.
Видео спотот е во режија на Дарко Митев – Аргона. “Воздишка” е дел од новиот албум Нов свет.



