Компанијата “Кока-кола” (Coca-Cola) го започна процесот на стекнување на сопственост над водечкиот српски кондиторски производител “Бамби” од фондот “Mid Europa Partners” во вредност од 260 милиони евра, објави српски B92.
Стекнувањето се очекува да биде завршено во текот на вториот квартал на 2019 година и со тоа компанијата “Бамби” да се здобие со нови можности за развој во Србија и во регионот, како и проширување на дополнителни категории на производи.
Извршен директор на компанијата “Кока-Кола” ХБЦ АГ Зоран Богдановиќ, рече дека купувањето е можност да се создаде дополнителна вредност за компанијата, нејзините клиенти и акционери.



