,,Сите сме исти’’ ја изведуваат OhridSUPERSTAR Band, кој го сочинуваат Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. Песната посветена на Децата со ретки болести е снимена во студиото „Китрозон“. Музиката е на Јовица Каралиевски, текстот го напиша Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски свири на гитара. За снимањето на видео спотот се погрижи режисерот Илија Пиперкоски и МЕГА продукција.



