Тимот на Анталијаспор славеше на гостувањето против фаворитот Батман во турскиот шампионат со 32:33. Maкедонскиот голман Виктор Гигов имаше блескави одбрани во текот на целиот натпревар со кои ги откажа домашните ракометари. Посебно вреди да се споменат одбранетите 2 седмерци на нашиот искусен голман во последната минута од мечот и фрлената контра за победа на тимот на Анталијаспор.
Со оваа победа тимот на Анталијаспор се искачи на четвртата позиција и е многу блиску до втората позиција. Лидер и натаму е неприкосновениот тим на Бешикташ на Немања Прибак.



