Кошаркарите на Барселона после продолженија од пет минути ја одбранија куп титулата од минатата сезона против актуелниот европски првак среде Мадрид. Крајниот резултат гласи 93:94 по четвртини (16:20, 19:15, 25:11, 17:31 и 16:17) и по петминутни продолженија Барселона триумфира над Реал Мадрид.
Во натпревар кој ќе се прераскажува уште долго време, подобар тим во првиот дел од играта беше Барселона и првата четвртина ја доби со резултат од 20:16, за да во втората четвртина Реал Мадрид комплетно да се врати во игра и на полувреме заминаа со нерешен резултат од 35:35.
Во третата четвртина ,,кралевите” го имаа најдобриот дел од својата игра и дојдоа до целосен пресврт, а притоа имаа и предност од цели 17 поени разлика со резултат од 58:41, а во последниот решавачки период од играта влегоа со позитива од 14 поени 60:48.
И кога сите очекуваа дека Реал Мадрид рутински ќе го приведе мечот во своја полза се случи сосема спротивното, односно се истакнаа кај каталонците Курик и Ертел кој со серија на прецизни погодени тројки го вратија натпреварот во егал завршница. Во последниот напад ,,кралевите” успешно завршија со два поени на Љуљ за нерешен резултат по четири одиграни четвртини во што се влезе во продолженија од пет минути.
Во додатните пет минути се случуваше трилер завршница со многу драма и пресврти на двете страни.Во последните неколку акции на двете страни најпрвин Синглтон погоди две слободни фрлања, потоа на спротивната страна Рендолф погоди за три поени.
Се случи и еден контроверзен момент кога Синглтон тргна во контра и на забивање, а Рендолф од позадина го фаулира противникот, а судиите останаа без реакција и на спротивната страна Керол погоди две слободни фрлања за предност од 93:92. На 4.6 секинди до крајот Барселона тргна во напад каде што Анте Томич го реализира нападот за триумф на Барселона од 94:93 и со тоа ја одбрани минатогодишната куп титула.
Во победничкиот табор најефикасен заврши Ертел со 22 поени, 6 асистенции и 3 скока, Клавер придодаде 15 поени, 6 скока и 2 асистенции, херојот Тимич имаше учинок од 14 поени, 7 скока и 2 асистенции, Курик зад своето име запиша 12 поени, а двоцифрен уште заврши Пангос со 10 поени и 3 асистенции.
Во составот на Реал Мадрид најдобар поединец беше Кампацо со 19 поени и по 4 скока и асистенции, второ име кај ,,кралевите”беше Рендолф со 16 поени и 7 скока, Козер придодаде 14 поени, додека Љуљ заврши со учинок од 13 поени и 3 скока.
Видео: Љуљ постигна два поени за нерешен резултат
Momento para la historia.
¡Así reaccionó el público a la canasta de Llull que manda la final a la prórroga!#CopaACB #LoÚnicoQueImporta pic.twitter.com/vMYdrQDTT9— Basket en Movistar+ (@MovistarBasket) February 17, 2019
Видео: Анте Томич ги постигна шампионските поени
La otra acción que pudo decidir el partido. #CopaACB pic.twitter.com/OLbXy30qQV
— Basket en Movistar+ (@MovistarBasket) February 17, 2019



