Саша Агапиев веќе втор пат испраќа донација за ЖКК Струга 2009 во вид на спортска опрема, дресови и многу други спортски реквизити кои помагаат во развивањето и успесите на кошарката во струшкиот клуб.
Саша Агапиев чија мајка е македонка е роден во Портланд и учи во гимназијата Catlin Gabel. Неговата мајка е член во бордот на Macedonian Schools Project и самиот нејзин ангажман придонел да и кај него се роди желба да помогне.
Втора година како Саша испраќа помош за нашиот клуб во вид на спортска опрема и спортски реквизити. ,,Многу сме благодарни на Саша и се надеваме дека со нашите резултати ке ја оправдаме неговата помош и доверба” – вели Владимир Ѓоровиќ тренер на ЖКК Струга 2009.



