Серхио Рамос беше предвреме преселен во соблекувалната на натпреварот против Џирона кој Реал Мадрид сензационално го загуби со 1:2 иако имааа водство. Стоперот на ,,кралевите” доби на мечот втор жолт картон и автоматски црвен со што тимот го остави со играч помалку на терен во финишот од натпреварот.
Со најновиот црвен картон Рамос е рекордер во оваа категорија, односно е прв на листата со црвени картони со вкупно 25 во дресот на Реал Мадрид во сите натпреварувања, а исто така и прв фудбалер во Примера со 20 исклучувања само во шпанската лига.



