Во дербито на стартот од пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ Шкендија со 1-0 го победи Вардар. Шкендија славеше со гол на Имери во 23. минута во големото дерби против Вардар.
Спорниот момент се случи во 38 минута кога Вардар даде гол за израмнување, но тоа не го виде помошникот зад голот. Топката по силниот шут на Најдовски удри во пречката, па заврши зад гол линијата.
До крајот на денешниот натпревар Вардар се обидуваше да дојде до израмнување, но Шкендија го сочува водството и на крајот се радуваше на три големи бода.
На останатите средби беа поставени следниве резултати:
Академија Пандев-Македонија ЃП 3-0
Работнички-Ренова 1-1
Силекс-Шкупи 2-2
Победа-Беласица 1-1



