Американската скијачка, Микаела Шифрин е четврти пат по ред Светска шампионка во слалом на СП во Оре,Шведска. До ново злато 23-годишната Шифрин дојде со 58 стотинки подобро време од сребрената швеѓанка Ане Свен Ларсон, односно 1.03 секунди пред бронзената Петра Влхова од Словачка.
Шифрин на тој начин постана прва скијачица која успеала четири пати по ред да дојде до одбрана на светскиот трон во иста дисциплина. Американката од Оре си заминува со три медали, па освен слаломско злато, таа освои злато и во супервелеслалом, додека во велеслалом беше бронзена. Со три медали од СП си заминува и Петра Влхова која ги освои сите три сјаја на медалот (Злато, сребро и бронза).



