Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва го играа првиот меч на домашен терен во групната фаза од Купот на ЕХФ. Почетокот на натпреварот е закажан од 19 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Гостува тимот на Татабања од Унгарија. Грчките судии Константинос Кацикис и Михалис Михаилидис ќе ја делат правдата на натпреварот, а делегат ќе биде Кристијан Качуц од Австрија. За љубителите на ракометот кои не се во Битола директен пренос ќе може да проследат на програмите на ТВ Спорт Клуб 1
Познати се и составите на двата тима за денешниот натпревар: 



