Грчки Олимпијакос размислува драстично и посакува да ја напушти грчката лига по новите случувања и дербито против Панатинаикос во полуфиналето на купот, кога сами го напуштија теренот поради забелешки кон судењето.
Од Олимпијакос веќе подолго време не се задоволни од судењето во лигата и размислуваат да настапуваат во Јадранската АБА лига. Ако се оствари нивниот план оваа лига ќе добие мега квалитетно засилување и поголема конкуренција.
Сеуште не е познато под какви околности грчкиот клуб би се преселил во АБА ако се знае дека сега лигата веќе нема простор за проширување. На кој начин ќе продолжи евентуалното натпреварување со Олимпијакос не е уште познато за јавноста.



