Во тек се првите натпревари од нокаут фазата во Лига Европа каде што се издвојуваат неколку екипи кои претендираат како фаворити за освојување на второто по квалитет клупско натпреварување. Една од фаворизираните екипи, тимот на Арсенал доживеа непријатен пораз на гостувањето во Белорија и тимот на Бате Борисов со единствениот гол на Драгун, додека на ,,Емирати” Емери ќе биде без суспендираниот напаѓач Лаказет кој поцрвене во финишот на мечот.
Од останатите екипи за издвојување се гостинските победи на Челзи против Малме со головите на Баркли и Жиру за триумф од 1:2 и рехабилитација по тешките порази изминатиот период во Премиер лигата. Интер на гостувањето против Рапид Виена дојде до минимална победа од 0:1 со голот на Лоутаро Мартинез од пенал. ,,Нероаѕурите” имаат лош период проследена со очајна атмосфера и овој позитивен резултат барем за малку ќе ги отргне од проблемите.
И вториот италијански клуб, тимот на Наполи дојде до рутинска гостинската победа од 1:3 против Цирих, каде што погодоците за наполитанците ги постигнаа Инсиње и Калјехон во прво додека во вториот дел гол постигна и Зелински. Почесниот гол за домашната екипа го постигна Кололи од пенал.
Резултати од останатите парови:
| 18.55 | часот | Бате Борисов | 1 – 0 | Арсенал | ||||
| 18:55 | часот | Галатасарај | 1 – 2 | Бенфика | ||||
| 18:55 | часот | Краснодар | 0 – 0 | Баер Леверкузен | ||||
| 18:55 | часот | Лацио | 0 – 1 | Севилја | ||||
| 18:55 | часот | Олимпијакос | 2 – 2 | Динамо Киев | ||||
| 18:55 | часот | Рапид Виена | 0 – 1 | Интер | ||||
| 18:55 | часот | Рен | 3 – 3 | Реал Бетис | ||||
| 18:55 | часот | Славија Прага | 0 – 0 | Генк | ||||
| 21:00 | часот | Селтик | 0 – 2 | Валенсија | ||||
| 21:00 | часот | Клуб Бриж | 2 – 1 | Ред Бул Салзбург | ||||
| 21:00 | часот | Малме | 1 – 2 | Челзи | ||||
| 21:00 | часот | Викторија Плзен | 2 – 1 | Динамо Загреб | ||||
| 21:00 | часот | Шахтјор Доњецк | 2 – 2 | Ајнтрахт Франкфурт | ||||
| 21:00 | часот | Спортинг Лисабон | 0 – 1 | Вилјареал | ||||
| 21:00 | часот | Цирих | 1 – 3 | Наполи |



