Во Дојран е во тек репрезентативен селективен камп за фудбалерки до У-13 и У-15 години кој започна на ден 07.02.2019 па ќе трае се до 13.02. 2019 година. Координатор и предводник на овој репрезентативен мини камп е Добрислав Димовски, а ќе му помагаат тренерите: Костова, Иванова, Ристовска, Милевска, Златановски и Блажевски.
На собирот се повикани голем број на надежни и талентирани фудбалерки кои во иднина треба да го градат ликот на сениорската женска репрезентација. На собирот се повикани околу 40 фудбалерки, а тренинзите и сместувањето се во комплексот на хотел Истатов.



