Во рамките на 24. коло од првата француска лига, Ница дојде до минимална победа, а воедно и за своја јубилејна десетта победа во првенството со 1:0 над Олимпик Лион. ,,Лавовите” од Лион со овој пораз го прекинуваат победничкиот низ, каде што сега Лион се наоѓа на позицијата број три со 43 освоени бода, додека Ница е на седма позиција со 37 освоени бода исто колку што имаат и екипите на Монтепилиер, Олимпиј Марсеј и Сент Ентјен од четвртата па се до таа седма позиција на табелата.



