Во рамките на 20. коло од кипарската прва лига се одигра македонското дерби помеѓу тимот на Аек Ларнака за кој настапија во текот на целиот натпревар Даниел Мојсов и Иван Тричковски наспроти Алки Ороклини за кој игра Душто Трајчевски.
Своја јубилејна десетта победа во првенството ја забележа Аек Ларнака со триумф од 2:0 со погодоците на Акоран во 30. минута и победата ја завери во 54. минута македонскиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски кој за него е вкупно осми гол во првенството.



