Во дербито на колото во јуниорска конкуренција во салата ,,Нико Нестор” – Струга, домашните кошаркарки на ЖКК Струга 2009 го совладаа ривалот за највисок пласман тимот на ЖКК Бадел 1862 со резултат од 59:44.
Со овој триумф стружанки имаат перфектен скор од седум победи по исто толку одиграни натпревари и се единствена екипа која не е поразена во лигата. Листа на стрелци на ЖКК Струга 2009: И. Чолакоска 19 поени, Х. Зендели 14, М. Велјаноска 12, Г. Модева 6, А. Белеска 4, Р. Укоска 2 и К. Бицеска 2 поени.
Во гостинскиот состав најефикасна кошаркарка беше Секулоска со 19 постигнати поени. Утре исто така во салата ,,Нико Нестор” во Струга со почеток од 12.00 часот во конкуренција на кадетки до М-16 години ЖКК Струга 2009 игра против ЖКК Пелистер.



