Александар Трајковски оваа сезона се специјализираше во италијанската Серија Б за тимот на Палермо да асистира за гол, овој пат на гостувањето кај Перуџа уште во првата минута од мечот Трајковски со одлично изведен слободен удар му асистираше на Пушкаш за почетно водство од 0:1.
По завршувањето на натпреварот конечниот резултат гласеше 1:2 за Палермо за нови три бода и зацврстување на лидерското место на табелата. Инаку оваа асистенција на Александар Трајковски е вкупно седма во првенството.
Видео: Александар Трајковски асистираше за почетно водство на Палермо



