На подготовките во Анталија,Турција тимот на ФК Работнички го одигра третиот контролен натпревар овој пат против Црвена Звезда кој играше во групната фаза на ЛШ и е неприкосновен лидер во српското првенство.
,,Романтичарите” имаа квалитетна проверка, а фудбалерите видно мотивирани против атрактивниот ривал создаваа шанси, но за нивна жал без реализација. Работнички имаше неколку зрели можности, но без постигнат гол, како таа на Баже Илојоски кој не успеа да реализира пенал, сепак македонскиот тим во 41. минута поведе со голот на Дејан Блажевски.
Црвена Звезда израмни две минути подоцна, односно во 43. минута кога Вукановиќ со удар со глава постигна погодок за нерешен резултат на полувремето. Српскиот првак во 55.минута дојде до комплетен пресврт, каде што Ебисилио беше стрелец на вториот гол за „црвено-белите“ на овој меч. Ова беше одлична можност за стратегот на Работнички, Жикица Тасевски да се провери формата и можностите пред силен и квалитетен противник.
извор и фото: http://www.fkrabotnicki.com



