Во рамките на 1/8 финалето во германскиот куп, Вердер Бремен со 8.000 свои верни фанови на гостувањето во Дормунд против Борусија прославија со триумф роденден на клубот со 120 години постоење.
Гостите од Бремен уште во 5. минута дојдоа во водство со голот на Рашица, додека домашните фудбалери дојдоа пред самиот крај на првото полувреме до израмнување кога од слободен удар Марко Ројс донесе на полувреме резултат од 1:1.
Во второто полувреме немаше никакви возбудувања и затоа натпреварот по крајот на регуларните 90 минути гласеше 1:1. Во продолжение следуваа дополнителните два пати по петнаесет минути во кој што имаше многу визбудувања, шанси и голови.
До пресврт и предност дојдоа домаќините кога во 105. минута Пулишиќ постигна гол за водство од 2:1, но Вердер Бремен по три минути игра израмна преку Клаудио Пизаро.Во 113. минута Ариф Хакими носи ново водство овој пат од 3:2, но домашните фудбалери не ја сочуваа предноста и дозволија во 119 минута преку Мартин Херник, Вердер Бремен да избори реми од 3:3 и пенали кои го решаваа патникот во 1/4 финалето.
Поуспешни и поконцентрирани ,,пеналџии” се покажаа гостите, затоа што беа во психолошка предност со погодокот кој го постигнаа за израмнување во претпоследната минута од 120-минутниот фудбал. Првите два пенали преку Алкасер и Витцел Борусија Дортмунд не ги реализира и со тоа Вердер Бремен до крај на серијата успешно ги реализира своите можности и сосема заслужено се победници од овој неизвесен и дерби куп натпревар.



