Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го прифатил предлогот и повикот да присуствува на хуманитарна вечера во режија на фудбалерот на Манчестер Сити, белгискиот стопер Винсент Компани, се со цел да се соберат средства за сите граѓани бездомници на градот Манчестер.
Компани бил видно задоволен од гестот на Солскјер и за медиумите го изјавил следново: ,,Апсолутно е ова показател Солскјер за каков човек станува збор. Јас долго време сум овде, овие два клуба се големи ривали на терен, но многумина сметаат дека истите тие ривали надвор од фудбалот можат да бидат корисни за општеството, затоа што има многу поважни работи од фудбалот”– заврши Компани. ,, Во овој момент не се работи за мене, за Манчестер Сити или за Манчестер Јунајтед, овде се работи за граѓаните на Манчестер, односно за луѓето кои не можат мирно да спијат, тие се поважни од нас и од фудбалот” – надополни Оле Гунар Солскјер.



