Борусија Дортмунд ја активира откупната клаузула од договорот на напаѓачот Пако Алкасер од тимот на Барселона. Германскиот бундеслигаш плати 25 милиони евра на Барселона, а може да плати додатни уште 5 милиони евра со евентуални бонуси.
Алкасер во Дортмунд дојде на позајмица минатото лето и се покажа како одлично засилување во нападот затоа што во 18 натпревари во колку што настапи постигна 13 гола со просек од еден гол на секои 67 минути.



