Багдад Бунеџах е прогласен за најдобар фудбалер за 2018 година во Алжир. Бунеџах е соиграч во катарски Ал Сад заедно со Чави Ернандез и Габи Фернандез. Алжирскиот интернационалец во изјава за медиумите кажал дека разговарал со двајцата шпански фудбалери (Чави кој настапуваше за Барселона и Габи кој беше член на Атлетико Мадрид) кој му откриле дека биле навикнати да го мразат тимот на Реал Мадрид, а освен тоа и сиот каталонски народ биле научени да го мразат кралскиот клуб од главниот град на Шпанија.



