ФК Вардар ги подмири сите долгови кон УЕФА и ја избегна суспензијата од две години. Се чекаше до последен час газдата на ,,Црвено-црните” да ги исплати парите и да го испере срамот поради фактот што фудбалерите, стручниот штаб и навивачите беа во неизвесност и очекување.
ФК Вардар има и други убави вести каде што играчката легенда на клубот Бобан Грнчаров воедно и репрезентативец на Македонија и со богато интернационално искуство ќе ја преземе улогата на спортски директор во тимот и ќе го заземе местото на Дарко Панчев. Освен тоа се очекува црвено-црните редови да се засилат со неколку квалитетни фудбалери во прв ред враќањето на Хуан Фелипе.



