Каролина Гочева ја доби наградата “Најдобра етно нумера” на MAC Awards. MAC Awards или Music Awards Ceremony се првите регионални музички награди. Церемонијата на доделување проследна со спектакуларни настапи на ѕвездите од регионот се одржа во Комбанк арена во Белград.Каролина настапи на церемонијата заедно со Бајага, Јелена Карлеуша, Тони Цетински, Стјепан Хаусер и многу други музички ѕвезди. 
Наградата за Најдобра етно нумера ја доби за песната “Ти не дојде”, од нејзиниот најнов албум “Извор”.



