На четири километри од брегот на Дубаи расте нова Европа, т.е. „Срцето на Европа“, голем градежен потфат, чија цел е да се претстави најдоброто нешто од Европа како Венеција, Санкт Петербург, Шведска, Германија, Швајцарија и уште некои делови. Проектот ќе биде вреден пет милијарди евра.
Во овој комплекс, “Срцето на Европа“ ќе бидат изградени 13 хотели со повеќе од 4.000 куќи за одмор, поврзани со улици. Куќите ќе имаат и подводни кревети, а во моментот кога целиот проект ќе биде завршен, ќе може да прими 16.000 луѓе, нагласуваат од „Kleindiensta”, компанијата која е главен изведувач на проектот.
Од компанијата „Kleindiesta” изјавуваат дека досега продале 85 отсто од куќите, а 70 посто од купувачите доаѓаат од Обединетите Арапски Емирати и арапските земји



