Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Хесе Родригез и официјално е нов член на Реал Бетис. Хесе беше голем талент и носител на играта на ,,кралевите”, но натпреварот од Лига шампиони против Шалке за него беше кобен по неговата кариера затоа што тогашниот лев бек на германскиот тим Сеад Колашинац го повреди и од тогаш кариерата му е во надолна линија.
Наредна шанса побара во ПСЖ во тим кој што никогаш не доби адекватна шанса за докажување, а потоа имаше авантури во Лас Палмас и Стоук Сити каде што испадна во Чемпионшип дивизијата, а сега ќе се обиде во Реал Бетис повторно да си ја оживее фудбалската кариера.



