Новото засилување на Милан во нападот и директна замена за Гонзало Игуаин кој премина во Челзи, полскиот голгетер Кшиштоф Пјатек кој дојде од тимот на Џенова ги постигна првите свои голови за ,,росоњерите”.
Во 1/4 финалето од Купот на Италија на стадионот ,,Сан Сиро” за само едно полувреме Пјатек постигна два гола за 2:0 на Милан и се покажува како вистинско засилување. Во прилог и видео од дебитанските погодоци на напаѓачот:
Видео: Милан 1 – 0 Наполи
Видео: Милан 2 – 0 Наполи



