Фудбалерите на Лидс Јунајтед за кој што тим стандарден првотимец е македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски продолжуваат со походот кон пласман во Премиер лига со најновата победа од 1:2 на гостувањето против Ротерам.
Интересен податок кој е поврзан со овој натпревар е изјавата на менаџерот на Питерборо, Стив Еванс пред почетокот на сезоната дека странските тренери особено тие што работаат во Чемпионшип не се запознати со квалитетот на лигата и дека не знаеле во што се впуштаат, па надополнил дека Марсело Биелса со Лидс не знае да победи на стадионот ,,Њу Јорк” каде што настапува Ротерам токму завчерашниот противник на Лидс.
Во истиот период Биелса заедно со Алиоски и Лидс триумфираа на тешкото гостување, а менаџерот Еванс поради слаби резултати со Питерборо доби отказ од клупата на тимот. Навистина еден невероватен сплет на околности.



