Тоа што се најавуваше подолг период се оствари односно Алваро Мората е претставен како ново засилување за тимот на Атлетико Мадрид кој го предводи Чола Симеоне. Шпанскиот голгетер се враќа во својата татковина и наместо во Реал Мадрид тој сега ќе ги брани боите на најголемиот ривал на ,,кралевите” тимот на Атлетико. Мората во Челзи одигра 47 натпревари и постигна 16 гола.



