понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Ристовски со Спортинг Лисабон го освои Лига купот на Португалија

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 27, 2019
📁 Фудбал

Стефан Ристовски со својот тим Спортинг Лисабон го одбранија освоениот Лига куп трофеј од минатата сезона, овој пат во финалето по подобро изведување на пенали против Порто. Најнапред во полуфиналето беа поуспешни од Брага и тогаш по истиот рецепт, односно по подобро изведување на пенали. Во редовите на Спортинг Лисабон, Ристовски го одигра целиот натпревар, при тоа во второто полувреме заработи и жолт картон, а освен тоа тој одигра беспрекорно квалитетно.

Во меч каде што двете екипи повеќе внимаваа на својот гол отколку на противничкиот не можеше да се очекува натпревар со многу шанси и атракции. Во второто полувреме Порто нападна се со цел да дојде до водство, а таквиот пристап им се исплатеше затоа што резервистот Фернандо во 79. минута постигна гол за водство од 1:0.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Кога се чинеше дека за Спортинг сите надежи за поволен резултат се загубени во 89 минута фудбалерот на Порто, Оливер Торес направи невнимателен потез и во шеснаесетникот неспретно реагираше и го фаулираше Диаби за прекршок за пенал. Во прв момент главниот судија не забележа, но по прегледување на ВАР-системот одлучи дека има фаул за пенал кој што Баст Дост го претвори во гол за израмнување на 1:1.

Во Лига купот на Португалија во регуларните 90 минути поради реми резултатот веднаш се премина на изведување на удари од белата точка (нема продолженија од два пати по петнаесет минути), а во пенал рулетот три пати беа успешни фудбалерите на Спортинг Лисабон, додека Порто само еднаш беше прецизен и со вкупни 1:3 ,,Лавовите” го одбранија куп трофејот освоен минатата сезона.

ShareTweet
Претходна вест

Гостивар славеше во дербито со Куманово, МЗТ го торпедира Шкупи

Следна вест

(Видео) ВАР-системот повторно падна на испит

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

(Видео) ВАР-системот повторно падна на испит

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.