Кошаркарите на Гостивар му се реваншираа на Куманово за поразот во првиот дел од првенството и славеа со 81:78 . Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Гостивар беа Александар Костоски со 22 и американецот Џозеф Фустингер со 11 кошови, додека пак во гостинската екипа на Куманово Филип Думиќ со 18 и младиот центар Леонид Тодоровски со 15 постигнати кошови.
МЗТ Скопје без никакви проблеми со младинци го торпедира тимот на Шкупи со 109:65. Мамузиќ со 31 поени, Андреј Маслинко со 28 поени и 18 скока и Лука Стојановски со 23 поени и 13 асистенции беа предводници на МЗТ, додека Мики Димитриевски со 23 поени беше најпрецизен кај Шкупи.



