Битолскиот суперлигаш и есенски шампион Еурофарм Работник доведе големо засилување во своите редови, а се работи за 32-годишниот лев бек на Украина Владислав Остроушко кој му се става на располагање за вториот дел на сезоната во домашното првенство и во европските предизвици на тренерот Чирковиќ.
Остроушко е второ странско засилување за битолски Еурофарм по црногорецот, Мирко Радовиќ. Укранскиот искусен бек доаѓа од тимот на Селкаспор од Турција. Инаку негови претходни клубови во кој има настапувано се следниве: Динамо Минск, Мотор Запорожје, Баја Маре, Мешков Брест и Кадетен Шафхаузен.
извор и фото: http://rkeurofarmrabotnik.com



