По одлично организиран натпревар во рамки на сениорската машка репрезентација како и 3×3 FIBA турнир во текот на изминатите шест месеци, Македонската кошаркарска федерација одлучи празникот на кошарката – државниот Куп да се одигра токму во градот Гевгелија.
Викендот 15.-16. и 17. февруари, центарот на внимание на сите љубители на кошарката ќе биде свртен кон Гевгелија. Денеска и официјално беше ставен потпис на договорот за соработка помеѓу Македонската кошаркарска федерација и клубовите Блокотехна и Кожув кои ќе бидат коорганизатори на натпреварите од државниот Куп, со поддршка од Општината Гевгелија. Во текот на наредните десет дена организаторите ќе објават одлука за присуство на навивачки групи како и за цената на билетите.
Системот за натпреварување во двете конкуренции (машка и женска, сениорска) ќе биде идентичен како и минатиот Куп односно во четврфинале, мажи првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели. Во полуфиналните дуели ќе вкрстат двојките 1-4 и 2-3. Во женска конкуренција првите четири пласирани екипи по десеттото коло од натпреварувањето во ПЛЖ.
Извор и фото: mkf.mk



