Крушево денеска го одбележува 38. роденден на Тоше Проески, на македонската и балканска музичка ѕвезда, на човекот со огромно срце за помош на секого. Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации.
Во одбележувањето на роденденот на Тоше се вклучија: Меѓународната фондација „Тодор Проески“, музејот Спомен-куќа на Гумење и крушевската локална самоуправа.
Организираното одбележување започна од 11:30 часот со посета на неговото вечно почивалиште на Гумење.
Во Спомен-куќата, се одржува традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше.
Големиот Тоше Проески трагично го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка во Хрватска.



