Александар Танчески ќе биде нов асистент тренер во ФК Лабуништа. Тој ќе биде од голема помош на шефот на стручниот штаб Пепи Џигероски во борбата на второпласираниот ФК Лабуништа напролет да стигне до првата лига. Благојче Коњарски и Мугни Опре се нови имиња во ФК Лабуништа 2011 што се однесува до играчкиот кадар. Коњарски кој и порано има играно за ФК Лабуништа доаѓа од ФК Пелистер, додека голманот Мугни Опре дојде од екипата на ФК Кораби.



