Светската антидопинг агенција (ВАДА) соопшти дека олимпискиот тим на Русија може да биде исклучен од Олимписките игри во Токио 2020 година. Од Комитетот на ВАДА разгледувале можност за нова суспензија на рускиот олимписки тим, како и на сите спортски работници од оваа земја како и забрана на организирање на големи натпреварувања во следниот период затоа што од Московската лабораторија имала во план да ги фалсификуваат податоците.
Русите имале рок да го пратат извештајот до 31. декември 2018 година и тој рок е пробиен па со инспекцијата на ВАДА податоците биле проследени претходната недела. Периодов ќе се анализираат податоците и потоа ќе се одлучи кои ќе се превземат следните чекори.



