Ракометната репрезентација на Хрватска во европската класика ја совлада Франција со резултат 23:20 и на тој начин го осигура третото место на табелата во групата Е на Светското првенство во Германија и Данска.
Во изедначен тек на сите 30 минути во првиот дел и полувремето се заврши со реми од 11:11. Во вториот дел французите до средината на вториот дел играа рамноправно, а потоа го намалија темпото на игра, каде што нивниот селектор Динар постојано комбинираше и им даваше шанса на многу ракометари на терен и испробуваше најразлични формации, а таквиот пристап Хрватска на најдобар начин го искористи и ја презеде контролата врз резултатот и до крајот на мечот ја сочува позитивата за крајна победа од 23:20.
Хрватска до победата ги предводеше голманот Шего со 10 интервенции, потоа Златко Хорват кој имаше 7 погодоци од исто толку обиди, Мандиќ имаше 4 гола, додека зад своето име Вранковиќ запиша 3 гола. Кај Франција Ричардсон имаше најмногу погодоци и зад своето име запиша 6 гола.



