Барселона ангажира големо засилување од средниот ред, а доаѓа од тимот на Ајакс. Се работи за супер талентираниот Френки де Јонг кој дресот на каталонците ќе го облече на лето, а до крајот на оваа полусезона ќе настапува во Ајакс.
Основното обештетување кое Барселона ќе го плати е 75 милиони евра, а комплетниот трансфер може да изнесува 86 милиони евра со што го прави најскапиот холандски фудбалер во историјата.
Овој 21-годишен играч во 2016 година за прв пат дебитираше за Ајакс во победата на неговиот тим против Вилем 2 со резултат од 5:0. За тимот од Амстердам Френки де Јонг одигра вкупно 65 натпревари и има постигнато 5 гола. За сениорската репрезентација на Холандија има запишано 5 настапи. Во Барселона годишно ќе заработува 16 милиони евра, од кои што 10 милиони основна плата и 6 милиони во вид на бонуси.



