Јуниорската екипа на ЖКК Струга 2009 претрпе пораз на гостувањето кај Пробаскет Кавадарци со 54:36, во натпревар во кој стружанки не го покажаа своето вистинско лице.
Пробаскет – Струга 2009 54:36
(15:06; 19:09; 11:08; 09:13)
„За жал, ова беше нашето најлошо издание. Без борбеност, без идеја, имавме само неколку добри минути во последната четвртина, но тоа беше недоволно за нешто посериозно.
Следува пауза во првенството поради репрезентативните обврски на А-селекцијата, а тој период ќе го искористиме максимално за работа и исправување на недостатоците“, истакнуваат од клубот.
Стрелци за Струга 2009:
- Зиба – 12 поени
- Даути – 9
- Дукоска – 5
- Кавај – 4
- Мијевска – 3
- Танаскоска – 2
- Таранеши – 1
ПАУЗАТА КАКО ШАНСА ЗА ПОПРАВЕН ИСПИТ! Струга 2009 ќе се обиде да ги надмине слабостите и да се врати во подобро издание во продолжението на првенството.




