Пливачкиот клуб Струга забележа одличен настап на XXII NEMO KUP 2026, кој се одржа во Скопје, освојувајќи, според податоците од клубот, вкупно 12 медали – два златни, три сребрени и седум бронзени.
Струга настапи со 23 пливачи, кои со борбеност, посветеност и добри резултати го претставија клубот на натпреварувањето. Во центарот на вниманието беа младите пливачки кои се искачија на победничкиот подиум во своите дисциплини.
Антонија Чакар, родена 2016 година, се истакна со настапите во градно, освојувајќи прво место на 50 метри и второ место на 100 метри. Златен медал освои и Георгина Ѓоршески, родена 2017 година, која беше најдобра на 50 метри градно.
Одличен настап имаше и Ангела Филева (2018), која освои сребро на 50 метри грбно, како и бронзени медали на 50 метри слободно, 50 метри делфин и во градно. Деспина Чакар (2012) се закити со бронзени одличја на 100 и 200 метри градно, како и во апсолутната категорија. Меѓу освојувачите на медали беше и Сара Филева (2016), со бронзени одличја на 50 метри слободно и 50 метри грбно.
Покрај медалистите, и останатите членови на клубот остварија добри резултати и ги подобрија своите лични времиња, што е дополнителна потврда за нивниот напредок и вложениот труд.
Настапот на XXII NEMO KUP 2026 претставува поттик за младите стружани да продолжат со напорната работа и да бележат нови успеси на следните натпреварувања.
Од ПК Струга упатија честитки до сите пливачи за борбеноста и успешното претставување, како и благодарност до родителите за нивната несебична поддршка.
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот спорт




