ГРК Охрид ја забележа и втората победа над Спор Тото, славејќи со убедливи 22:38, со што обезбеди пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот куп.
Во центарот на вниманието беа Мартин Ивановски и Дарко Ѓукиќ, кои со по шест постигнати погодоци беа најефикасни во редовите на охриѓани и го предводеа тимот до нов европски триумф.
Одличен настап имаше и Анте Иванковиќ со пет гола, додека Мартин Карапалевски и Давид Савревски постигнаа по четири погодоци. На голот, Бојан Блажески запиша 12 одбрани и беше важен дел од убедливата победа.
Охрид со две победи над Спор Тото ја заврши задачата и продолжува во третото коло од ЕХФ Европскиот куп, каде што ќе го очекува нов европски предизвик.
Стрелци за ГРК Охрид: Мартин Ивановски 6, Дарко Ѓукиќ 6, Анте Иванковиќ 5, Мартин Карапалевски 4, Давид Савревски 4, Иван Тасески 3, Николаос Лиапис 3, Томислав Јагуриновски 2, Илија Трајчески 2, Адама Кеита 1, Никола Ристески 1, Ален Ќосевски 1.
Голмани: Бојан Блажески 12 одбрани, Дино Славиќ 1 одбрана.
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет




