Пионерите на РК Струга продолжуваат со одличните настапи во Пионерската машка лига, откако славеа убедлива победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 28:15, за четврти триумф во првите пет кола!
Стружани одиграа одличен натпревар во Битола. Иако на полувремето имаа предност од 14:10, во продолжението целосно доминираа, добивајќи го вториот дел со убедливи 14:5.
Во центарот на вниманието беше средниот бек Борјан Домазетоски, кој одигра фантастичен натпревар и постигна дури 9 гола, предводејќи ја Струга до новите бодови.
Одлична поддршка имаше од Спироски Никола со пет гола, додека Тино Бебекоски, Лука Милошески и Хусеин Шеј постигнаа по три погодоци. Никола Коцарески додаде два, а Александар Бунечски еден гол.
Кај Еурофарм Пелистер, најефикасен беше Иво Михаиловски со четири гола, додека Марко Јанковски постигна три.
Четири победи на пет натпревари – младите стружани продолжуваат во одличен ритам и најавуваат уште многу возбудувања во пионерската конкуренција!
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 15:28 (10:14)
Постот е од www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет.




