Одличен старт за младинските екипи на ЖKK Струга 2009! И кадетките и пионерките забележаа убедливи победи против своите врснички од Кичево, потврдувајќи го својот квалитет со одлични настапи и ефикасна игра.
КАДЕТКИ: СТРУГА 2009 – КИЧЕВО 70:39
Кадетките на Струга 2009 славеа убедлива победа со 70:39. Стружанки го контролираа натпреварот уште од самиот почеток и заслужено стигнаа до триумф.
Стрелци за Струга 2009:
- Узуноска Т. – 14 поени
- Кочареска – 12 поени
- Стеблева и Мијевска – по 8 поени
- Крачоска и Танаскоска – по 6 поени
- Коруновска и Мојсоска – по 4 поени
- Положани и Дукоска – по 2 поени
- Ајдиноска Џ. – 1 поен
По четвртини: 24:08, 19:10, 19:08, 12:13.
ПИОНЕРКИ: СТРУГА 2009 – КИЧЕВО 83:14
Уште поубедлива беше победата на пионерките, кои доминираа во текот на целиот натпревар и славеа со високи 83:14. Стружанки одиграа одлично во одбраната, а во нападот покажаа голема ефикасност.
Стрелци за Струга 2009:
- Нелоска – 22 поени
- Дукоска Моника – 16 поени
- Спироска – 8 поени
- Маркоска Ј. – 7 поени
- Мијевска Миа – 6 поени
- Чакареска – 5 поени
- Ајдиноска – 4 поени
- Пејчиноска, Чолаку, Денкоска, Маркоска И. и Матеска – по 2 поени
По четвртини: 36:01, 14:07, 22:00, 10:06.
Двојна победа, одлична ефикасност и успешен старт за младите кошаркарки на Струга 2009! Кадетките и пионерките најавија дека и оваа сезона ќе бидат подготвени за нови предизвици и добри резултати.




