Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува да блеска на германската ракометна сцена!
Во осмото коло од Бундеслигата, неговиот Битигхајм славеше голема гостинска победа над Гепинген со 29-25, а еден од најзаслужните за триумфот беше токму македонскиот чувар на мрежата.
Томовски мина речиси цел натпревар меѓу стативите, запишувајќи 13 одбрани со успешност од над 35 проценти. Неговите интервенции беа од огромно значење за гостинскиот состав во битката за драгоцените бодови.
Македонија има голман за почит! Мартин Томовски продолжува да го потврдува својот квалитет во најсилнaтa ракометнa лигa во светот.
🌐 www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот ракомет




