Македонија го победи Израел со 3:0 (25:21, 25:23, 25:22) во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Софија.
Македонските одбојкари го одиграа најдобриот натпревар на континенталниот собир и победнички си заминуваат од арена “8888”.
Капитенот Никола Ѓорѓиев со 20 поени и Стојан Илиев со 14 поени беа лидери на репрезентацијата, следени од Александар Љафтов со девет поени, Маџунков со седум, односно Савовски со пет поени.




