Металопластика, каде што настапува македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, со победа ја започна новата сезона во српскиот шампионат.
Некогашниот европски првак славеше на гостински терен против Југовиќ со минимални 25:24, а еден од најзаслужните за триумфот беше токму Кукуловски.
Македонскиот лев бек одигра одличен натпревар и беше најефикасен во победничкиот состав, постигнувајќи седум гола од осум обиди.
Кукуловски уште на стартот покажа дека ќе биде важна алка во тимот на Металопластика, која со два бода тргна во новата сезона.




