Трета година по ред во Струга се одржа традиционалниот „International Basketball Tournament Struga 2026“, кој и оваа година донесе квалитетна и интересна кошарка, со учество на екипи од Македонија, Србија и Албанија.

На турнирот настапија О.К.К. Багдала од Крушевац (Србија), К.С. Тирана од Тирана (Албанија), Г.К.К. Охрид и домаќинот Ж.К.К. Струга 2009.
Натпреварите се одиграа во три возрасни категории – пионерки, кадетки и јуниорки.

Во пионерската и кадетската конкуренција настапија по четири екипи, кои се натпреваруваа по систем полуфиналиња, натпревар за третото место и финале. Кај јуниорките се одигра мини-лига во која силите ги одмерија Тирана, Охрид и Струга 2009.

Во петокот беа одиграни полуфиналните натпревари во кадетска конкуренција, по кои во големото финале се пласираа Струга 2009 и Багдала. Воедно, беше одигран и првиот натпревар во јуниорска конкуренција, во кој домаќинот Струга 2009 беше подобар од Тирана.

Во саботата наутро на паркетот излегоа и пионерките. И во оваа конкуренција до финалето стигнаа Струга 2009 и Багдала, додека во јуниорската конкуренција беше одигран вториот натпревар, во кој Охрид славеше против Тирана.
Вечерните термини во саботата беа резервирани за завршницата во кадетската конкуренција. Во натпреварот за третото место, Тирана беше подобра од Охрид, додека во големото финале домашната екипа Струга 2009 одигра одличен натпревар и ја совлада Багдала, со што го освои пехарот на третото издание на турнирот.
Посебно признание за своите настапи добија и најдобрите поединци во трите категории:
🏆 МВП пионерки: Моника Дукоска
🏆 МВП кадетки: Мила Дукоска
🏆 МВП јуниорки: Сиандра Зиба



Од Ж.К.К. Струга 2009 упатуваат благодарност до сите учесници, гости, организатори и поддржувачи кои придонесоа и третото издание на „International Basketball Tournament Struga“ да помине во одлична спортска атмосфера.
Струга 2009 уште еднаш покажа дека има светла иднина во женската кошарка!




