Струга го врати младиот македонски репрезентативец Стефан Ѓеоргиески, кој потпиша договор со струшкиот суперлигаш и во новата сезона повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб.
18-годишниот ракометар настапува на позицијата лево крило, а потекнува од ракометната школа на Дејан Коцарески, каде што ги направи своите први чекори.
Ѓеоргиески доби можност да настапува и во сениорска конкуренција за РК Струга, под водство на тренерот Наум Танески, по што направи трансфер во Мулти Есенс од Автокоманда.
Минатата сезона ја мина во дресот на Мулти Есенс, каде што продолжи да се развива и да собира драгоцено искуство во сениорскиот ракомет.
Сега се враќа во Струга, каде што ќе има можност повторно да настапува пред домашната публика и да биде дел од амбициите на струшкиот суперлигаш во новата сезона.




